Спас за Челзи од Саудиска Арабија – Навивач понудил 3,5 милијарди долари!

1872

Најугледните британски медиуми пренесоа дека арапски милијардер со име Мохамед Алкереи испратил понуда за купување на Челзи и така понуди спас за актуелниот европски првак.
Во изминатите недели за Челзи се појавија неколку потенцијални купци, а според британските медиуми сега понуда доаѓа од Алкереи кој е навивач на Челзи од Саудиска Арабија. Се работи за човек кој долго време живеел и работел во Англија.
Инаку тој ја претставува компанијата Сауди Медиа Груп која доставила официјална понуда во изност од 2,7 милијарди фунти за купување на клубот односно 3,5 милијарди долари.
Како што пренесува новинарот на Си-Би-Ес Бен Џејкобс, Алкереи го претставува конзорциумот кој не е во директна врска до Саудиска Арабија и како таков не би требало да има право со регулативата во Премиер лигата. Сепак, Џејкобс наведува дека СМГ има поддршка во собирање на средства од Мохамед бин Калид Ал Сауд, претседателот на Сауди Телеком која е државна компанија.

ПретходноДончиќ зборуваше на прес, па му заѕвоне телефонот со мелодија на Дара Бубамара (видео)
СледноАриго Саки: Интер е исцеден лимон, Милан нема најдобар тим, но игра најдобар фудбал