„Спотифај“ е нов спонзор на Барселона: „Камп Ноу“ добива ново име

348

Каталонскиот гигнат Барселона и компанијата „Спотифај“ постигнаа договор, со кој шведската компанија ќе стане главен партнер на клубот и официјален партнер за аудио стриминг. „Спотифај“ ќе биде и на предниот дел на дресот на првиот тим на машката и женската екипа на Барселона со почетокот на сезоната 2022/23 и тој ќе биде спонзор на тимот во следните четири сезони.

„Спотифај“ ќе ги спонзорира и тренинзите на двата тима, почнувајќи од сезоната 2022/23 и во следните три сезони. Шведската компанија ќе го замени досегашниот главен спонзор на Барселона.

Бордот на директори на Барселона со месеци работеше на постигнување договор, кој конечно е потпишан сега кога се финализирани последните детали. Новиот договор ќе и помогне на Барселона во посебната економска ситуација. Како што беше објавено, „Спотифај“ ќе биде дел и од називот на стадионот кој во иднина ќе се вика „Спотифај Камп Ноу“.

ПретходноМбапе лут на навивачите на ПСЖ: Сите загубивме од Реал, а не само Меси и Нејмар
СледноЛШ: Атлетико (М) уништи уште една сезона на Манчестер Ј., Нуњез го расплака Амстердам (ВИДЕО)