ТИМ И ИГРАЧ НА 23.КОЛО: Димов блеска, “пандевци“ блескаат….

907

Се врати капитенот, тимот блеска, „пандевци“ блескаат, на пет пролетни меча примени се само два гола. Диме Димов, капитенот на А. Пандев по тешката повреда и долгата пауза пролетва одново е во тимот и тоа како се покажува на дело. Рековме веќе, пет меча и само два примени гола, и тоа на Чаир во првото пролетно коло. Димов и тоа како е заслужен за чистата мрежа на својата екипа на последните четири средби.

Димов беше и најдобар на завчерашниот меч и триумф со Струга ТЛ. Па така според „Спортмедиа“ тој е играч на ова 23.коло. Покрај него од тимот од Струмица тука е и Шаркоски. Пелистер ја изненади Ренова, токму затоа тука се голманот Трајчевски и стоперот Драгарски.

Во тимот на колото се и Најдоски и Хајдари од Скопје, Куевен и Адетунџи од Шкупи, Георгиев и Дамњановиќ од Брегалница и Нафиу од Шкендија.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
ДИМЕ ДИМОВ
Тим: Академија Пандев
Роден: 25.07.1994 во Скопје
Кариера: Металург, Кожуф, Миравци, Гостивар, Хоризонт Т, А. Пандев.

ПретходноУ-17: Македонија поведе, а потоа во финишот доживеа пораз од Црна Гора!
СледноМанчини в петок со списокот: Дилемата е Балотели или Жоао Педро против Македонија!