У-17: Македонија поведе, а потоа во финишот доживеа пораз од Црна Гора!

546

Денеска во Подгорица, во пријателски меч, нашата У-17 селекција беше поразена од соодветната селекција на Црна Гора со 2:1. Избраниците на Вујадин Станојковиќ со голот на Велков во 13.минута поведоа со 0:1. И така беше се до 84. минута кога Томашевиќ израмни на 1:1, а во 90.минута Мараш и донесе победа на домашната селекција.

За Македонија на овој меч настапија: Вргов, Кику, Велков, Сековски, Мелјичи, Стојковски, Коцев, Јовановиќ, Ислами, Елмас, Мемиши. Играа уште: Јакупи, Младеновски, Јакимовски, Манојлов, Ајетовиќ.

Вториот меч исто се игра во Подгорица и тоа во четврток со почеток во 11 часот.

ПретходноПутин е на потег: Арбитражниот спортски суд во Лозана ги “откачи“ Русите!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 23.КОЛО: Димов блеска, “пандевци“ блескаат….