Дончиќ зборуваше на прес, па му заѕвоне телефонот со мелодија на Дара Бубамара (видео)

2331

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ зборуваше по победата на својот Далас над Бостон, а несвесно а откри мелодијата на неговиот мобилен телефон. Словенечкиот кошаркар зборуваше пред новинарите кога телефонот му заѕвоне и во собата се слушаше песна на српската турбо-фолк пејачка Дара Бубамара.
Словенецот се насмеа и се извини. Инаку од своето доаѓање во НБА лигата тој често ја промовира балканската музија, посебно турбо-фолк. За време на загревањето во негова чест на НБА паркетите се слуша музика од Дара Бубамара, Наташа Ѓорѓевиќ, Недељко Бајиќ Баја и други.

ПретходноКарл Ентони Таунс постигна 60 поени во триумфот на Минесота!
СледноСпас за Челзи од Саудиска Арабија – Навивач понудил 3,5 милијарди долари!