Канатларовски го објави списокот за У-21 мечевите со Србија и Ф. Острови!

1051

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Драган Канатларовски, денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните квалификациски дуели за ЕП 2023. Колку за потсетување, на 24 март и гостуваме на Србија во Белград, а пет дена подоцна, на Арената „Тодор Проески“ ја дочекуваме младата селекција на Фрските Острови.

Канатларовски за овие два меча смета на следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос);

ОДБРАНА: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);

СРЕДЕН РЕД: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Томче Гроздановски (Дугопоље, Словенија), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Бојан Димовски (Академија Пандев), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп, Турција);

НАПАД: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички);

Селекторот за овие два меча по објавување на списокот, за сајтот на ФФМ истакна:

Не очекуваат два натпревари кои се од исклучителна важност за нашата репрезентација. Радува фактот што сите фудбалери се здрави и подготвени за настап. Се надевам дека така ќе остане и по одигрувањето на кругот клупски натпревари пред почетокот на репрезентативните обврски.

Првиот меч го играме против Србија во Белград, сакаме да се надигруваме против силни репрезентаци како нашиот северен сосед и се надевам на позитивен резултат. Србија е одличена репрезентација, имаат нов селектор и сигурно дека имаат голема желба победа, меѓутоа ние имаме свои цели за натпреварот и се разбира дека се стремиме да победиме.

Против Фарски Острови нѐ очекува уште еден тежок натпревар, Противникот е незгоден, иако сме фаворити на хартија. Не смееме да ги потцениме бидејќи докажаа во овие квалификации дека можат да се надигруваат со фаворитите во групата. Одиграа нерешено против моќната селекција на Франција и против Србија.

На списокот беа повикани и фудбалерите Дашмир Елези од Шкендија и Стефан Тасев од Македонија Ѓ.П., но по консултации со селекторот Неџат Шабани, решивме дека во овој период двајцата может да дадат многу поголем придонес во националниот тим до 19 години на силниот турнир што ги очекува во Португалија”.истакна селекторот.

ПретходноБензема стана најдобриот француски голгетер
СледноПелистер останува без македонскиот репрезентативец до крајот на сезоната