Каратистот Павлов ќе ја преставува Македонија на 11. Светски Игри во САД

152

Откако не успеа да обезбеди настап на ЛОИ во Токио, еден од најдобрите македонски каратисти, Eмил Павлов, сепак ќе има можност да ја престави Македонија и македонското карате на еден голем олимписки форум.

Имено, како што денеска потврдија од Македонскиот олимписки комитет, Емил Павлов ќе настапи на 11-те Светски Игри, кои ќе се одржат во Бирминген, Алабама, САД, во периодот 7-17 јули 2022 година и на кои ќе учествуват 3633 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 34 спорови.

Инаку, Светските игри се под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и преставуваат едно исклучително натпреварување.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Ренан Лоди го шокираше „Олд Трафорд“, мрежите мируваат во Амстердам (ВИДЕО)
СледноМбапе лут на навивачите на ПСЖ: Сите загубивме од Реал, а не само Меси и Нејмар