Милевски утре со списокот: Адеми ќе дојде, сепак тешко дека ќе игра во Палермо

882

Како што најави „Спортмедиа“, утре во 12 часот со прес – конференција во ФФМ, селекторот Благоја Милевски ќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот бараж меч за пласман на СП во Катар, против Италија на 24 март во Палермо. Секако и за оној втор меч на 29 март, со Португалија или Турција.

На списокот нема да има никакви изненадувања. Се враќаат по подолго време голманот Кристијан Наумовски и играчот за врска Давид Бабунски. Нема да ги има Дени Илиев и Ристе Јанков, значи од голманите тука ќе бидат Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Кристијан Наумовски. Се враќа и Давид Бабунски, кој е на списокот заедно со неговиот брат Дориан Бабунски, и двајцата членови на Дебрецен.

Секако дека за нас најважно е што со Аријан Адеми. Тој ќе дојде во Скопје на собирот, има повик, но дали ќе игра со Италија, тешко е да бидеме оптимисти.

Јасно е дека ќе мораме, на мечот во Палермо и без Елиф Елмас, тој ќе игра на вториот меч на 29 март, исто како и Тихо Костадинов. И двајцата се под суспензија поради картони.

ПретходноПасквал: Македонија е фаворит, ќе биде „пеколно“ во Скопје, но моите момци имаат една опција!
СледноНајубавата приказна: Пред девет месеци се урна на теренот, сега се враќа во репрезентацијата!