Каков шок за фудбалската репрезентација на Русија. Имено Артјем Зјуба, капитенот на селекцијата и фудбалерот на Зенит од Санкт Петербург, „замоли“ да не го повикуваат во руската репрезентација се додека трае војната во Украина.
Ова е шокантно поради фактот дека тој беше на мета на украинските фудбалери, посебно на Зинченко, кои го јавно го прашуваа да се изјсни околу војната во Украина, а тој им одговори дека нив лесно им е во нивните вили во Англија.
Дека Ѕјуба нема да биде на списокот поврди и селекторот Валери Карпин кој и покрај забраната од ФИФА за настапи, сепак тој ќе ги собере репрезентативците.
Инаку познато е дека Ѕјуба има и семејни врски со Украина, има бројни роднини, а и неговиот татко по потекло е Украинец.