Видал притиска за трансфер во бразилски клуб

83

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал предизвика бес кај челниците на Интер поради изјавите во последното интервју во кое зборуваше дека се надева дека набрзо ќе заигра за бразилски Фламенго. Исто така се пожали на малата минутажа во Интер, а дури и кажа дека ја променил фризурата со надеж дека тренерот подобро ќе го забележи.
„Нероаѕурите“ размислуваат и за казна, но тоа можеби нема да се случи затоа што тој веројатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Во клаузулата од договорот Видал може да го раскине договорот веднаш и притоа да му исплати на играчот 4 милиони евра.

ПретходноАко Облак замине во Њукасл, во Атлетико доаѓа Влаходимос
СледноФФМ добила 2600 барања за билети за плеј-оф мечот, а само половина ќе ја бодрат Македонија