Ракометниот тренер Веселин Вујовиќ се враќа на селекторската работа. Црногорскиот тренер ќе биде нов селектор на Иран, пренесува „Спортклуб“. На почетокот на декември Вујовиќ го напушти Вардар и од тогаш е без работа. Во хрватските медиуми се пишуваше дека ќе ја преземе ЖРК Подравка, но тоа нема да се случи. Миленикот на „Комити“ ќе седне на клупата на Иран.
„Постигнавме договор, од април ќе бидам селектор на Иран“, изјави Вујовиќ во разговор за „Спортклуб“.
Инаку ова ќе биде трет пат да работи како селектор. Претходно беше селектор на Македонија и на Словенија.