Зајков и официјално до 30 мај во Славија Софија

146

Ѓоко Зајков предмалку и официјално стави потпис на позајмицата од украинска Ворскла во Славија Софија. Дефанзивецот веќе неколку дена е дел од бугарскиот тим, но мораше да се собере целокупната документација, за да може тој да бдие регистриран и да биде играч на Славија официјално до 30 мај. До тогаш важи позајмицата на нашиот репрезентативец кој по новонастанатата ситуација во Украина, мораше на сред сезона и вон преодниот рок, да менува клуб само за да не стагнира односно да има минутажа.

Зајков претходно беше дел од тимот на Левски Софија во шампионатот на Бугарија, од каде што и замина во Ворскла.

 

ПретходноТоа е КРАЛСКИ клуб: Реал ќе донира милион евра за украинските бегалци!
СледноСити му нуди на Халанд 600.000 евра неделно!