Ливерпул го покори „Емирати“ и дојде на бод зад Манчестер Сити во битка за титулата (ВИДЕО)

400

Ливерпул триумфално го заврши гостувањето во Лондон победувајќи против Арсенал вечерва со 2:0 со што ја реализираше 21-та сезонска победа и му дојде на лидерот и шампион Манчестер Сити на само бод од лидерското место.

„Црвените“ одиграа уште едн одличен меч иако почнаа без Мохамед Салах, кој остана на клупата поради малата повреда која ја заработи на минатиот меч. Арсенал беше одличен ривал, имаше добар притисок кон голот на гостите и само бравурозните интервенции на Алисон беа причина што „топчиите“ можеби и први не успеаја да поведат.

Најубавата шанса за домашните при резултат 0:0 ја имаше Мартин Одегард, кој од непосредна близина не успеа да го совлада Алисон. Казната стигна само неколку минути подоцна, кога Диого Жота во 54. минута обезбеди прва радост за гостите за водство од 1:0.

Печат на победата за тимот на Клоп донесе извонредниот потег на резервистот Фирмино, кој само 6 минути откако влезе во игра успеа да го совлада домашниот голман Рамсдел и да обезбеди предност и победа за Ливерпул од 2:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЛШ: „Жолтата подморница“ го потопи Јувентус, Челзи рутински до четвртфинале (ВИДЕО)
СледноЛШ: Познати се сите четвртфиналисти, в петок во Нион ждрепката за оваа фаза, но и за полуфиналето