Поранешниот украински тенисер Александар Долгополов одлучи да и се придружи на украинската војска. По Сергеј Стаховски и Андреј Медведев, уште еден тенисер реши да војува.
„Оваа војна ме дочека во Турција. Таму стигнав еден ден пред да започне се, а таму ги одведов и сестра ми и мајка ми. Зошто? Затоа што по многу информации од најдобрите светски разузнавачки агенции сфатив дека постои шанса за голема војна со напад на Киев и цела држава.Се запрашав што ќе се случи во првите неколку дена/недели.Сфатив дека ќе има голема паника. За само неколку дена, јас и моите сакани Украинци целосно го уништивме информативниот свет, а никој во слободните земји не се сомнева во тоа кој е агресорот. Во тоа време почнав да вежбам стрелање и среќен сум што ме обучи поранешен војник. Не станав Рамбо за една недела, но со пиштол сум сигурен дека можам да погодам глава три од петпати од 25 метри во мирна средина за тренинг“, заклучи поранешниот 13. тенисер во светот.
Used to be rackets and strings, now this🙄🙏🏻🇺🇦 pic.twitter.com/hdYjMDlMuo
— Alex Dolgopolov (@TheDolgo) March 16, 2022