„Во Палермо не одиме како туристи, одиме да победиме, се чека потврда од ФИФА за Јасир Асани“!

4986

Милевски како и секогаш и сега е оптимист. Нашиот селектор го уважува ривалот, сепак Италија е тоа, но смета дека Македонија оди во Палермо да победи.

Да, да…ние не одиме таму како туристи. Ние таму ќе одиме да победиме. Што ќе се случува, како ќе биде таму, јас не знам. Но знам дека сите ние ќе го дадеме максимумот. Кај нас оптимизмот е поткрепен со факти, добро знам и гледам како се однесуваат нашите репрезентативци. Јас не можам да коментирам за нешто што беше пред мене, јас говорам и анализирам за тоа што се случува откако сум јас во репрезентацијата“ посочи Милевски.

Инаку тој истакна дека може во догледно време да биде повикан и Јасир Асани, дете на Вардар кој во минатото посака да игра за репрезентацијата на Албанија.

Се чека потврда од страна на ФИФА. Тој нема настап за Албанија, секако дека треба и цела процедура околу промена на спортскиот пасош“.

Во случај да ја минеме Италија, Милевски вели дека нема посебна желба за тоа кој да ни биде ривалот во финалето на овој плеј – оф за пласман на СП во Катар.

Па, искрено немам посебна желба, дали Португалија или Турција. За нас во овој момент приоритет е мечот со Италија“ заклучи селекторот.

ПретходноМилевски: Не се оптоварувам со Италија, во Палермо се е отворено!
СледноИталија ќе ја напаѓаме со два братски тандеми – Ристовски и Бабунски! (ФОТО)