Вујовиќ, нов селектор на Иран

127

Ракометниот тренер Веселин Вујовиќ се враќа на селекторската работа. Црногорскиот тренер ќе биде нов селектор на Иран, пренесува „Спортклуб“. На почетокот на декември Вујовиќ го напушти Вардар и од тогаш е без работа. Во хрватските медиуми се пишуваше дека ќе ја преземе ЖРК Подравка, но тоа нема да се случи. Миленикот на „Комити“ ќе седне на клупата на Иран.
„Постигнавме договор, од април ќе бидам селектор на Иран“, изјави Вујовиќ во разговор за „Спортклуб“.
Инаку ова ќе биде трет пат да работи како селектор. Претходно беше селектор на Македонија и на Словенија.

ПретходноШвеѓаните со Ибрахимовиќ ќе бркаат пласман на СП
СледноОлеснување на мерките – Повеќе публика на трибините во салите