Де Геа: Јунајтед е преголем клуб за да биде во оваа ситуација

138

Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа загуби од Атлетико Мадрид во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите на домашен терен со резултат 0:1, и на тој начин ги заврши борбите во ова натпреварување за сезонава. Јунајтед едноставно не заслужи да оди во следната фаза. Ако на ова пак се додаде дека во домашниот шампионат е многу далеку од челните места и дека не е ниту близу за борба за титулата, јасно става до знаење во каква резултатска криза е клубот во моментов.

Голманот Давид Де Геа е една од ретките светли точки во тимот на Јунајтед во моментов. Тој по вчерашниот дуел сосема разбирливо беше разочаран до максимум.

„Тешко е да се најдат вистинските зборови во моментов за тоа како се чувствувам. Како сите се чувствуваме. Уште еден тежок момент за нас. Мора да бидеме јасни и да кажеме дека сакаме да се бориме за титулата, а не да бидеме четврти или петти на табелата. За да се случи тоа, сите мора да дадат повеќе, затоа што ова е преголем клуб за да биде во ваква ситуација. Далеку сме во моментов од било каков голем трофеј. Во Премиер лигата или во Лигата на Шампионите“ – изјави Де Геа. 

FOTO:Jan Kruger/Getty Images
ПретходноСити му нуди на Халанд 600.000 евра неделно!
СледноБурки заминува во Америка (ВИДЕО)