Дробаров во тим на колото во Бугарија

143

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров е во тимот на 23. коло во бугарската Прва лига. Дефанзивецот беше еден од најзаслужните што Черно Море ја совлада Арда со 2:0 со што ја забележа 10-тата победа во најсилната бугарска лига.
Дробаров е стандарден во Черно Море, а сезонава реализираше и еден гол во триумфот над Арда во гости во октомври 2021 година.

ПретходноМЗТ Скопје без проблем го освои Гостивар
СледноСТАРТНИ СОСТАВИ: Јуве напаѓа со Мората и Влаховиќ, Пино е „џокерот“ на Емери