Италија ќе ја напаѓаме со два братски тандеми – Ристовски и Бабунски! (ФОТО)

789

Во историјата на самостојна Македонија сме имале браќа кои играле за нашата репрезентација. Најславни биле секако, од првите денови на нашата репрезентација, браќата Бошко и Милко Ѓуровски. Секако дека тука биле и браќата Јовановски, Зоран и Борче. Тие играле во исто време за репрезентацијата, има уште неколку браќа но тие не биле во исто време во тимот.

Но затоа во Палермо ние ќе ја напаѓаме со два братски тандеми, Ристовски и Бабунски.

Стефан Ристовски од Динамо Загреб, е нашиот капитен, еден од најдобрите наши фудбалери веќе неколку години нанзад. Од пред кусо време него во составот му се придружи и помалиот брат Милан, кој игра за Трнава и кој веднаш докажа дека и тоа како знае да стрела и за Македонија.

OPET ZAJEDNO – Stefan i Milan Ristovski

Давид и Доријан Бабунски. Некогаш големи таленти на Барселона и Реал Мадрид, за првпат сега се заедно во А- репрезентацијата. Постариот Давид своите први настапи за Македониа ги имаше многу одамна, но потоа како да се загуби. Затоа помалиот Доријан со блескавите настапи во минатата есен во Бугарија си обезбеди место во А-тимот, сега заедно се во Дебрецен. И Давид почна да игра како што му доликува на еден некогашен мега – талент на нашиот фудбал, па затоа Милевски го врати во селекцијата и него.

The Babunski brothers: " Being together at the World Cup with Macedonia  would be wonderful " - Then24

Одиме Македонијо на победа со браќата Ристовски и Бабунски.

Два братски – тандеми…

Претходно„Во Палермо не одиме како туристи, одиме да победиме, се чека потврда од ФИФА за Јасир Асани“!
Следно“Бомба“ од Париз: ПСЖ почна преговори со Конте!