Екипата на Ангели во својата дебитанска сезона во Првата лига доби поддршка за продолжување на зацртаните цели, вложување во младите кошаркари. А дека тимот од Кисела Вода има сериозни намери, потврда дојде пред стартот на вториот дел од сезоната, успеа да се договори со едно тренерско име како Боби Митев, од кого членовите на Ангели има што да научат.
Раководството на клубот на својата официјална страница објави дека зад нив и оваа година како партнер ќе го имаат Никоб Обезбедување.
„Ни претставува особена чест и задоволство што денес бевме гости во новата деловна зграда на НИКОБ групацијата која е една од најголемите и најуспешните компании на територијата на општина Кисела Вода, но и во Македонија.
Никоб Обезбедување е една од најголемите општествено одговорни компании во нашата држава, и затоа на сопственикот Кирил Лазаров кој како човек во контиунитет инвестира во спортот, му врачивме дрес од КK Ангели Кисела Вода како благодарница за помошта и подршката на нашиот клуб. Без оваа значајна помош, развојот на клубот и пласманот во Првата лига ќе беше невозможен.
Соработката ја продолжуваме и во 2022 година, во која нашата заедничка цел е опстанок во Првата лига и пласман на младинските генерации во завршните турнири“, стои во известувањето на Ангели.