Менаџерот на Евертон Франк Лампард призна дека му е многу тешко да ги заврти работите наопаку односно да и го смени правецот на траекторијата која моментално е насочена надолу. Лампард исто така вели дека неговиот тим е свесен дека може да испадне во Премиер лигата ако не ја подобри играта.
Евертон имаше лоши резултати со Рафа Бенитез, но и неговиот наследник Лампард не донесе драстични промени.
Евертон последен пат играл во понизок ранг во сезоната 1953/54.
„Дојдов во тим кој одеше по надолна линија, а долго време сме околу зоната за испаѓање“, изјави Лампард за новинарите.
„Овие работи не се менуваат преку ноќ, тие исто така не се менуваат само со разговор. Се работи за тоа како се справувате со ситуацијата. Првата работа е практичната страна, тренингот и фокусот. Мислам дека ако играме со стравот од испаѓање, тогаш се зголемува ризикот тоа навистина да се случи“, изјави легендата на Челзи.
„Не е време да се лажеме или да ја менуваме историјата, знаеме каде сме. Прашањето е како ќе се справиме во овие 12 натпревари што ни преостануваат“, рече тој.
Евертон му гостува на Њукасл, кој загуби само еден натпревар од почетокот на годината.