Легендите на Манчестер едногласни: Не знаеме како Рангник може да биде тренер!

898

Манчестер Јунајтед ќе ја заврши сезоната без освоен трофеј, податок кој тешко им падна на легендтите на овој тим, кои се навикнати на поуспешен расплет на сезоната. Меѓу нив се Пол Сколс и Рио Фердинанд, излегоа со свој кометар по елиминацијата на „црвените ѓаволи“ во осминафиналето во Лигата на шампиони од Атлетико Мадрид.

Сезоната која ја почна Оле Гунар Солскјер, продолжи под водство на Ралф Рангник. Промената не донесе ниту резултат, ниту трофеи, против германскиот стратег својот глас го подигна и Сколс.

„Мене не ми е јасно како е одбран да го води овој тим. Многу е важно клубот да има вистински тренер. Во него има талентирани играчи. За да Јунајтед има можност да освојува трофеи мора да пронајде вистински тренер, кој ќе работи со тимот. Доколку Симеоне го водеше клубот, ќе поминевме понтаму. Доста патевме. 

Ќе поминат уште две или три години додека Јунајтед стане конкурентен во првенството. Земете ги за пример Ливерпул и Сити. Знаевте дека ќе се борат за титула. Ние не сме тоа осум или десет години, од времете на Алекс Фергусон, а нема ниту знам дека се приближуваме до тоа ниво, имам чувство дека одиме во спротивна насока. Мораме да најдеме вистински тренер“, изјави Сколс.

ИГРАЧИТЕ НА АТЛЕТИКО ЗНААТ ШТО ИМ Е ЗАДАЧАТА

ПретходноНавивачите на Јунајтед го гаѓаа Симеоне додека трчаше кон тунелот (ВИДЕО)
СледноАбрамович „уловен“ во Тел Авив – изгледа непрепознатливо (ФОТО)