ЛШ: На Челзи сега му останува полесното…, Јуве мора да победи!

219

Нема веќе дилеми. Челзи вечерва ќе игра со Лил на гости во реванш мечот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Се чини шпекулациите кои вчера медиумите во Франција ги “лансираа“, дека клубот на Абрамович ќе биде исфрлен од ЛШ, беа само пуста желба да му се помогне на Лил.

УЕФА дозволи европскиот првак и натаму да ја брани титулата. Тоа значи дека вечерва на Челзи му останува само полесниот дел, само да ја сочува предноста од 2:0 од првиот меч на „Стемфорд Бриџ“.

Мечот се игра во Лил со почеток од 21 часот.

Сега се е во рацете, поточно нозете на четата на Томас Тухел.

Вечерва во вториот меч тимот на Јувентус го дочекува Вилјареал. Иако фаворит на хартија секако дека нема да му биде нималку лесно на „црно – белиот“ тим од Торино, на својот стадион, да слави победа. Имено само победа ги носи Италијанците во следната фаза, посебно ако се знае дека во првиот меч во Шпанија резултатот беше 1:1. Математички може и со 1:1, па после продолженија, да биде добар резултат за Јуве, но сепак Старата дама веројатно ќе сака што побргу да ги разреши сите дилеми.

Да потсетиме, досега во 1/4 финалето се пласираа екипите на Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул, Бенфика и Атлетико Мадрид.

ПретходноКК Ангели и во 2022 година зад себе ќе има стабилен партнер
СледноТоа е КРАЛСКИ клуб: Реал ќе донира милион евра за украинските бегалци!