Бурак Јилмаз ја преполови предноста на Челзи на дуелот со Лил во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите, но во самата завршница на првиот дел Кристијан Пулишиќ успеа да го врати Челзи на комотни +2 во пресрет на решавачките 45 минути во Франција.
Лил и Челзи постигнаа по еден гол и на пауза заминаа со 1:1. Домашните со голот на турскиот голгетер од белата точка поведоа во 38. минута, но во дополнителните минути за игра, Кристијан Пулишиќ го погоди домашниот гол за да ја смири еуфоријата на трибините која настана по водечлиот гол на домашните.
#UCL
Lille 1-0 Chelsea | GOAL! Yılmaz.Follow me @iF26s pic.twitter.com/5q1nOVSFcu
— ꜰᴀꜱᴛ ɢᴏᴀʟꜱ ⓶ (@iF27s) March 16, 2022
#UCL
Lille 1-1 Chelsea | GOAL! Pulisic.Follow me @iF26s pic.twitter.com/NKDvrV8Bjk
— ꜰᴀꜱᴛ ɢᴏᴀʟꜱ ⓶ (@iF27s) March 16, 2022
На пресметката во Торино, Јувентус буквално се изнапромашува во првите 45 минути. Влаховиќ и Мората имаа најмалку по две 100% шанси за гол, но не успеаја ниту еднаш да го матираат гостинскиот голман Руљи. Влаховиќ еднаш и биеше во гредата од гостинскиот гол. По оние 1:1 во Шпанија, овде одлучувачки ќе бидат вторите 45 минути.