МЗТ Скопје го запиша 16. триумф оваа сезона, на гостувањето кај Гостивар славеше со 68-77 во рамките на 19. коло во Првата лига. Оба веше трет триумф во низа за Александар Петровиќ по превземањето на клупата на актуелниот првак. Гостите во втората четвртина целосно го превземаа водството, до дикритаа темпото и заслужено славеа.
Гостивар го имаше почетокот на мечот, поведе со 7-2. На другата страна Александар Петровиќ по негативата од девет поени повика тајм-аут, кој веднаш вроди плод. Неговите момци предводени од Мекиќ, Дамјан, Војдан и Малешевиќ, направија серија од 9-0 и дојдоа до второто водство на дуелот (16-18).
Тука актуелниот првак го „скрши мразот“, фати ритам. Одигра одлично во вториот дел од следниот период. Гостивар со девет поени во низа израмни на 30-30, по што гостите вратија за највисоки плус 14 (30-44). На одморот беше 35-48.
Со тројката на Војдан, МЗТ Скопје го отвори второто полувреме (35-51). Гостивар се обидуваше да ја спушти разликата под десет, постојано вршеше притисок. Но, беше тешко, на средината на третата четвртина, актуелниот македонски првак водеше и со плсу 17 (40-57).
Во решавачките десет минути, гостите влегоа со позитива од 12 поени, Гостивар еднаш успеа да спушти под десет со тројката на Ефремовски (62-71). Не се случи изненадување, на крајот МЗТ Скопје дома си замина со целиот плен.
Рикиќ и Милошевиќ имаа по 18 поени, со што вториот запиша дабл-дабл, фати 11 скока. Војдан постигна 14 поени, по 11 имаа Мекиќ и Дамјан. Кај домаќинот Вокру имаше 21 поен.