Навивачите на Јунајтед го гаѓаа Симеоне додека трчаше кон тунелот (ВИДЕО)

490

Атлетико Мадрид се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако Ренан Лоди погоди за победа од 1-0, доволно за радост во редовите на својот тим.

Синоќешните случувања на „Олд Трафорд“ тешко им паднаа на навивачите на англискиот тим, додека пак истата беше волшебна за фановите на Атлетико. Диего Симеоне и неговите момци со нивната игра заслужија да продолжат во Лигата на шампиони.

Откако судијата означи крај, Симеоне во свој стил со голема брзина се упати кон соблекувалната, но пред да влезе во тунелот, навивачите на Јунајтед фрлија бројни предмети кон него.

Оваа ситуација можете да ја видите на следниот ЛИНК. 

Симеоне го мразат во Англија. Причината не е тоа што ова беше шести пат од седум како тренер освојува/елиминира англиски клубови во европските купови, туку поради црвениот картон на Дејвид Бекам на Светското првенство во 1998 година на осминафиналниот натпревар помеѓу Аргентина и Англија.

ПретходноНајпопуларниот НБА антиваксер постигна 60 поени и ги урна сите рекорди (ВИДЕО)
СледноЛегендите на Манчестер едногласни: Не знаеме како Рангник може да биде тренер!