Кајри Ирвинг игра необична сезона. Плејмејкерот на Бруклин пропушти голем број на натпревари, причината е неговата одлука да не се вакцинира. И натаму не може да игра на домашните натпревари поради епидемолошките правила во Њујорк. Синоќа докажа уште еднаш дека оваа одлука е неправилна, своите фанови ги потсети што значи за тимот и што може да придонесе.
Во победа над Орландо (108-150) Имено постигна 60 поени. Притоа од игра имаше 20-13, за три поени нествари 66,7% (8/12), додека од линијата за слободни фрлања беше речиси совршен.
“A sight to see.. a gorgeous display.”
Kyrie Irving pulls up for 60 points, the most ever by a Nets player and the most in his illustrious career. pic.twitter.com/3875p2wzyF
— NBA (@NBA) March 16, 2022
Тој вечерта ја заврши со неколку рекорди. Еден од нив е личен, во својата кариера нема постигнато толку многу поени, истовремено постана и најдобриот стрелец во историјата на Бруклин кога станува збор за вкупниот број на кошеви. Исто така со оглед на тоа дека Дурент претходниот меч запиша 53 поени, двајцата станаа првите соиграчи кои на еден натпревар постигнале најмалку 50 поени на два меча по ред.
The first pair of teammates to score 50+ in back-to-back games… KD and Kyrie!
This @BrooklynNets duo is special. pic.twitter.com/EHSxFhyD1S
— NBA (@NBA) March 16, 2022
Ирвинг на својот учинок додаде шест скока, четири украдени топки, четири асистенции и една загубена топка. Дурент беше во втор план со 19 поени.
На останатите средби, Индијана беше поразена од Милвоки со 102-135, Мајами го совлада Детроит со 105-98, додека Њу Ореланс беше поразен од Феникс со 115-131.