Ојлески: Чави добро ќе ги подготви Романците, ние ќе знаеме како да одговориме!

398

Македонската ракометна репрезентација има уште еден ден за подготовка за првата од двете бараж средби против Романија за место на СП 2023 година. За разлика од претходните години, нашите момци мора да играат две фази до крајната цел.

Романија и на оваа пресметката со Македонија доаѓа под водство на Чави Пасквал. Искусниот шпански стратег ќе се обиде овој пат да донесе убави ракометни денови на оваа земја. Токму тој е најсилната карика на противникот за двата меча.

„Мора да ја респектираме Романија, станува збор за сериозен противник, кој има добар селекторот. Романците од година во година напредуваат, ќе се обидат да не изненадат уште на домашен терен. Но, ние сме поискусни, мора да излеземе како победници од двете средби“, вели Гоце Ојлески.

Искусното крило на Е.Пелистер вели дека во денешно време не може никој да се потпре на фактот дека домашната средба ќе биде доволна за пласман во следниот бараж.

„Во денешно време не можеш да биде сигурен дека едниот меч ќе биде гаранција за остварување на целта, мора да бидеме максимално подготвени за двата меча. Секако прво сме фокусирани на дуелот во Скопје. Кај Романците најдобар е селекторот, Чави е искусен, верувам дека ќе ги подготви добро, но јас сум сигурен дека и ние ќе имаме одговор за тоа“, додаде Ојлески, кој поради Ковид-19 не допатува со тимот во Унгарија на ЕП.

Македонија и Романија утре (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го играат првиот меч, реваншот е закажа за два дена подоцна во Букурешт.

ПретходноМакедонецот Волкановски сака борба со МекГрегор!
СледноМилевски го објави списокот: Без изненадувања, тука е и Адеми, се врати Давид Бабунски!