Рангник причината за елиминацијата ја виде во судијата

252

Манчестер Јунајтед нема да игра во четвртфиналето во Лигат на шампиони. Подобар од двата меча со англискиот тим беше Атлетико Мадрид, кој славеше со вкупни 2-1.

Елиминацијата од ова натпреварување ја анализираше тренерот на Јунајтед, Ралф Рангник.

“Имаше неколку интересни судиски одлуки, не би рекол нужно одлучувачки – можеби ќе ја споменам онаа каде што постигнаа гол. Тоа беше прекршок над Ентони Еланг, а судијата и линискиот судија не видоа така. Судијата многу му олесни на Атлетико да украде време. Тоа не ни ја олесни работата. Не сум сигурен дека во второто полувреме имаше игра најмалку две минути по ред, постојано имаше прекини и лежење на теренот“, рече Рангник и додаде:

„Точно е дека не постигнавме гол, но направивме се што сакавме во првото полувреме. Единствено што пропуштивме беше што енергична претстава да ја претвориме во гол, а против Атлетико е од исклучителна важност прв да постигнете гол. Уште поважно е да не примиме гол од Атлетико, а ние го примивме пред самиот крај на полувремето. Не смеевме да одиме на одмор со негатива, бевме подобри“, изјави тренерот на Јунајтед во заминување. 

Натпреварот го водеше Славко Винчиќ, а помошници беа Томаж Кланчник и Андраж Ковачич.

ПретходноАбрамович „уловен“ во Тел Авив – изгледа непрепознатливо (ФОТО)
СледноДанска падна пред празни трибини, време е за ракометна фешта: Навивачите ќе ни го дадат потребниот адреналин!