Тотенхем ги врати насмевките: Сигурна победа над Брајтон (ВИДЕО)

83

По поразот од Манчестер Ј. во минатото коло, момците на Антонио Конте успеаја да се вратат на победнички патеки. Вечерва на гостувањето кај Брајтон во заостанат меч од 16. коло, Спарс славеа со 2:0 и ја прокнижија 15-тата сезонска победа во Премиерлигата.

Ромеро го отвори резултатот во 37. минута по асистенција на Кулушевски, додека потврда на победата на гостите даде погодокот на Хари Кејн во 57. минута. Брајтон кој е еден од најнезгодните противници во Премиерлигата оваа сезона со овој пораз остана на 13. место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноУште еден украински тенисер замина во војна
СледноФИФА: Фудбалерите од украинските клубови можат да прават трансфери и надвор од преодниот рок