Роман Абрамович, газдата на Челзи кој „тежи“ речиси 13 милијарди долари, „испари“ од јавноста по стартот на руската агресија врз Украина. Тој е под удар од страна на Европската Унија и Велика Британија, воведоа санкции против него. Откако објави дека го продава Челзи, британската влада веднаш ја блокираше и продажбата.
Абрамович е забележан на аеродромот во Тел Авив во ВИП делот, каде чека лет за Истанбул.
Како што објави „Nexta TV“, Абрамович, инаку вториот најбогат Израелец, го напуштил еден од трите свои домови (има државјаноство на таа земја, Русија и Португалија) кога дознал дека Израел нема да им помага на руските супербогаташи,кои се под санција на ЕУ и САД.
На фотографиите може да се види дека изгледа непрепознатливо, има неуредна брада. Велика Британија го замрзна неговиот имот, а додека ЕУ го стави на непосакувани бизнисмени поради Владимир Путин и нивната блискост.
#Russian oligarch Roman #Abramovich was spotted in the VIP lounge of #TelAviv airport waiting for his business jet to #Turkey. He flew to #Istanbul after it became known that #Israel had no intention of helping #Russians to hide from European and American #sanctions. pic.twitter.com/73OP5KrfgA
— NEXTA (@nexta_tv) March 15, 2022