Селекторот на Белгија Роберто Мартинес реши да не ги повика во националниот тим Ромелу Лукаку и Еден Азар за претстојните контролни натпревари против Ирска (26 март) и Буркина Фасо (29 март). Идејата на Мартинес е да испроба нови фудбалери, кои малку играле за националниот тим, но и што играле малку во клубовите иако Азар и Лукаку се едни од тие.
Азар постојано е на клупата на Реал, Лукаку се задоволи со неколку натпревари за Челзи во последните недели.
„Во моментов тоа не е проблем, но во септември може да стане проблем затоа што светското првенство ќе биде многу блиску. Многу фудбалери ќе ги сменат клубовите во текот на летото. Тоа може да биде позитивно, но може да биде и опасно. Затоа што во секој нов тим фудбалерот мора да се адаптира, а од почетокот на првенствата до почетокот на Мундијалот ќе има само 16 натпревари“, објасни Мартинес.
Новаци во белгискиот тим се дефанзивците на Болоња и Ремс Артур Тет и Вут Фаес, напаѓачите Данте Ванзер од Унион Сен Жил и Шарл Де Кетеларе од Бриж.
Во тимот се и староседелците Дрис Мертенс, Аксел Витцел, Кевин Де Брујн, Јан Вертонген, Кристијан Бентеке, Јаник Караско…
На голманската позиција се тројца неискусни играчи Мат Селс од Стразбур (1 настап), Коен Кастелс од Волфзбург (3 настапи) и дебитантот Томас Камински од Блекбурн.
Изоставени се Куртоа, Мињоле, Денаер, Џордан Лукаку, Алдервејрелд, Тилеманс, Лукебакио…