Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа загуби од Атлетико Мадрид во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите на домашен терен со резултат 0:1, и на тој начин ги заврши борбите во ова натпреварување за сезонава. Јунајтед едноставно не заслужи да оди во следната фаза. Ако на ова пак се додаде дека во домашниот шампионат е многу далеку од челните места и дека не е ниту близу за борба за титулата, јасно става до знаење во каква резултатска криза е клубот во моментов.
Голманот Давид Де Геа е една од ретките светли точки во тимот на Јунајтед во моментов. Тој по вчерашниот дуел сосема разбирливо беше разочаран до максимум.
„Тешко е да се најдат вистинските зборови во моментов за тоа како се чувствувам. Како сите се чувствуваме. Уште еден тежок момент за нас. Мора да бидеме јасни и да кажеме дека сакаме да се бориме за титулата, а не да бидеме четврти или петти на табелата. За да се случи тоа, сите мора да дадат повеќе, затоа што ова е преголем клуб за да биде во ваква ситуација. Далеку сме во моментов од било каков голем трофеј. Во Премиер лигата или во Лигата на Шампионите“ – изјави Де Геа.