Фудбалерот на Милан Златан Ибрахимовиќ е повикан во репрезентацијата на Шведска за натпреварот против Чешка во полуфиналето од баражот за Светското првенство.
„Мислам дека не може да игра цел натпревар, но сака да биде дел од екипата и може да ни помогне со својот квалитет и водство“, изјави шведскиот селектор Јане Андерсон.
Шведска на 24 март во Солна ќе игра против Чешка, а победникот од тој дуел ќе игра финале против Полска на 29. март.
Ибрахимовиќ неодамна се врати во екипата на Милан по проблемите со Ахиловата тетива, тој ќе наполни 40 години, а до сега одигра 120 натпревари. Меѓу повиканите се и играчот на Јунајтед Виктор Линделоф. Неговиот 19-годишен соиграч Ентони Еланга, потоа Емил Форсберг од Лајпциг, како и напаѓачот на Тотенхем Дејан Кулушевски.