Крихмаер победи на последниот супервелеслалом сезонава

104

Австрискиот скијач Винсент Крихмаер победи на последниот супервелеслалом во сезоната, трка што се одржа денеска во француски Куршевел.

За 30-годишниот Австриец ова беше 11. победа во кариерата. Шестпати беше најдобар во супервелеслалом и петпати во спуст.

Второто и третото место на подиумот им припаднаа на Швајцарците Марко Одермат, кој заостана 53 стотинки и Џино Кавизел со 75 стотинки зад победникот.

Претходно Одермат го обезбеди големиот Кристален глобус во Светскиот куп, а малиот Кристален глобус во супервелеслалом му припадна на Норвежанецот Александар Килде.

ПретходноКЛ: Партизан и вторпат поразен од Феенорд, Рома се извади во 91. минута (ВИДЕО)
СледноВест Хем по продолженија го запре рекордерот во Лигата на Европа (ВИДЕО)