Фановите на Галата утринава во 03.46 часот со спектакл пред хотелот на Барса во Истанбул! (ВИДЕО)

1386

Нема дилеми. Фудбалерите на Барселона и цела експедиција на каталонскиот тим немаа мирна ноќ во Истанбул во пресрет на вечерашниот меч со Галата во Лигата на Европа.

Имено по тие 0:0 од „Камп Ноу“ се знае дека вечерашниот реванш од 1/8 финалето во Лигата на Европа ќе биде пекол.

А тоа го најавија фановите на Галатасарај кои утринава во 03.46 часот го започнаа својот спектакл пред хотелот каде што се гостите од Шпанија.

Вреди да се погледне видеото…

ПретходноСудии за ВМФЛ: Битката за Охрид за Стојчевски, Качевски во Радовиш, Бартон во Гевгелија….
СледноФетел поради корона го пропушта стартот на сезоната во Формула 1!