Ако е ова гигант: Јуве сака Суперлига а со години не може да мине 1/8 финале во ЛШ!

713

Италија е во шок. Фудбалска Италија е шокирана, имено нивното “милениче“ доживеа уште еден дебакл во ЛШ. При резултат од 1:1 од првиот меч, ти дома да загубиш од еден Вилјареал со 0:3 и на така срамен начин се збогуваш со Лигата на Шампионите, тоа го може само Јуве. Клуб кој има 10 финалиња во својата историја во ЛШ, но само два триумфи, од кој последниот во далечната 1995/96. Колку години се тоа?

Во фудбалска Италија не можат да сфатат, а посебно фановите на Јуве, дека во Европа владеат други критериуми, има „подобро“ судење, нема „калчополи“ и слични работи, па затоа Јуве многу лесно си доаѓа до титули во Серија А, но во Европа си има проблем.

Јасно е дека Јуве е голем клуб, некогаш беше гигант, но тоа сега не е. Никако.

Едно се желбите на Ањели, а сосема друга е реалноста.

Јуве сака Суперлига, сака мега – фудбалска лига, да, сака, но тој Јуве со години не може да го мине 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.

Ајакс, Лион, Порто и вчера Вилјареал не може да ги мине во првата нокаут фаза од најквалитетната лига во светот.

Срамота. Тоа се клубови од втора класа во ЛШ, што ли ќе биде ако овој Јуве би играл со Сити, Реал, Челзи, Баерн….подобро и да не замислуваме.

Сега Алегри им е виновен, сега судијата бил ваков или таков, сега сите стручњаци од Капело до Саки знаат што е проблемот.

Е, па Европа е ова, а не Серија А. Тоа е проблемот.

ПретходноБарселона го договорила Кристенсен, сега на ред е Аспиликуета
СледноВо мај: Бруно добива отказ, Артим Шаќири ќе седне на клупата на Шкендија!!!