Асистенција на Дончиќ за победа со звукот на сирената, историска вечер за Јокиќ (ВИДЕО)

2091

Меѓу бројните натпревари кои се одиграа во НБА-лигата синоќа, најнеизвесно беше на дуелот меѓу Бруклин и Далас. Гостите славеа со минимални 111-113, благодарение на Лука Дончиќ и неговата асистенција во последните секунди.

Словенецот на себе навлече двајца кошаркари од противничкиот тим, умешно го проигра Спенсер Динвиди кој со звукот на сирената погоди за голем триумф. За постетување тој го носеше дресот на Бруклин пет сезони.

Дончиќ беше на скок и асистенција до трипл-дабл. Зад своето име запиша 37 поени, девет скока и девет асистенции. Зад него беше токму Динвиди со 22 поени.

Никола Јокиќ испиша историја во НБА-лигата. Во победата над Вашингтон на Денвер од 127-109 дојде до бројката од 10.000 поени. Српскиот центар влезе во елитното друштво, тој е вториот играч во историјата кој до 10.000 поени, 5.000 скока и 3.000 асистенции, дошол по 516 одиграни меча. Јокиќ има еден натпревар повеќе од Лери Брд, а го мина Оскар Роберстон кој имал 525 мечеви.

Средбата ја заврши со 29 поени, 13 скока и 8 асистенции, со шут од игра 10/14, 2/2 за три и 7/7 од линијата за слободни фрлања.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Атланта 116:106

Кливленд – Филаделфија 114:118

Вашингтон – Денвер 109:127

Бруклин – Далас 111:113

Њујорк – Портланд 128:98

Хјустон – Феникс 112: 129

Минесота – Лејкерс 124:104

Сан Антонио – Оклахома 122:120

Јута – Чикаго 125:110

Голден Стејт – Бостон 88:110

Сакраменто – Милвоки 126:135

Клиперс – Торонто 100:103

ПретходноТухел по историскиот триумф: Ви благодарам што ми ја уништивте вечерта
СледноАлегри по дебаклот: Виљареал само се бранеше!