Македонската ракометна репрезентација ја совлада Романија со убедливи 30-22 во првиот бараж меч за место на Светското првенство 2023 година. Реваншот се игра во Букурешт во сабота. Подобриот од оваа средба ќе игра бараж меч против Чешка за место на Мундијалот.
Ова беше прв меч пред публика за ракометарите, после две и пол години, атмосферата се вжешти кога беше најмногу потребно, токму со притисокот од трибините, „црвено-жолтите“ во последните 15. минути го урнаа целосно отпорот на противникот.
Мечот дефинитивно беше и во знакот на Филип Талески, дуелот го заврши со десет гола од 13 обиди. Лазаров постигна седум гола, исто колку и Кузмановски. Митревски запиша осум одбрани, Томовски една.
Прво полувреме со доби и слаби моменти. Во моментите кога одбраната беше под нивото, Романија брзо казнуваше, иако во Скопје дојде во ослабен состав. Но, најважно беше дека нашите момци знаеја како да се издигнат. А за тоа беше задолжен Кирил Лазаров, кој ги превзема конците во играта. Неговата стабилност и тоа како и беше потреба на Македонија.
Лесно го отворивме дуелот. Поведоа со 3-0 по само две и пол минути игри. Македонија водеше и со плус четири 5-1 и 7-3. Во овој дел незапирливи беа Талески и Кузмановски. Неколку технички грешки и промашен седмерец им даде сила на Романците, па дојдоа на 7-6. По последните 12-11, Лазаров со три седмерци, еден гол на Ојлески, по една одбрана на Митревски и Томовски (седум метри), ја вратија Македонија на плсу три (15-11) и на 16-12, за жал ова водство не го сочувавме, на одморот беше 16-13.
Серија од 3-1 на стартот на второто полувреме за прво водство од пет гола (19-14) во 35. минута. Маркоски доби исклучување, игравме со празна мрежа, не реализиравме три нападит, Романија ја вративме во живот, дојде на минус два (19-17).
Талески со два гола (еден цепелин со Лазаров) зголеми на 21-17. Романија не се предаваше, го користеше секој момент, да дојде на негатива која ќе биде достижна за реваншот. На средината во ово период беше 21-20. Талески (три гола) повторно го прекина „молкот“ во нападот, се надоврза Георгиевски. А добрата одбрана донесе свежина, атмосферата се вжешти, тргна возот. Пред стартот на последните десет минути на семафорот стоеја (25-20).
Пасквал повика тајм-аут, но не вроди плод. Лазаров со седмиот погодок, а потоа Столе зголемија, па Кузмановски целосно ја патосираа Романија, во 57. минута беше 30-21. Тука беше крајот. Останува нашите момци да одиграат уште еден одличен меч и да го заверат местото во следниот бараж. Позитивата од осум гола и тоа како ќе биде доволна.