Ајвоби го чува Евертон подалеку од „црвената зона“ во Премиерлигата (ВИДЕО)

133

Со голот на Ајвоби во 99. минута, екипата на Евертон извојува голема и значајна победа над Њукасл со 1:0. Вечерва во драматичниот заостанат меч од 20. коло, Евертон пред своја публика на „Гудисон Парк“ ја обезбеди само седмата сезонска победа, која засега го остава над трите места кои водат во Чемпионшип лигата.

Самиот меч имаше повеќе драматични моменти, но освен за домашната победа уште долго ќе се зборува за моментот на стартот на второто полувреме, кога еден домашен навивач влета на теренот и се врза за една од стативите на голот. 

ПретходноОдредени домаќините на финалните групи од Дејвис Купот
СледноКЛ: Партизан и вторпат поразен од Феенорд, Рома се извади во 91. минута (ВИДЕО)