Барселона е многу блиску до ангажман на Сезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен од Челзи. И двајцата ова лето ги завршуваат договорите со лондонскиот тим и без пари можат да се преселат во Барселона.
„Сините“ во моментов не можат да преговараат за нови договори поради санкциите што британската влада му ги воведе на Роман Абрамович. „ЕСПН“ пишува дека Барселона се надева дека тешката ситуација на лондончани ќе им помогне во битката за потписите на двајцата дефанзивци.
Неспорно е дека Аспиликуета сака да се пресели на „Камп Ноу“, но неговиот договор со Челзи има опција за автоматско продолжување на една година, која сепак може да се активира. Капитенот на Челзи неодамна стана првиот играч кој го освоил секој можен трофеј со клубот, па ќе биде огромна загуба доколку замине на крајот од сезоната.
Кристенсен, пак, е многу поблиску до трансфер во шпанскиот гигант. Информациите покажуваат дека тој веќе ги договорил личните услови со „каталонците“ и ги поминал лекарските прегледи.