Бензема со една објава на „Инстаграм“ испрати јасна порака до навивачите на Реал

645

Карим Бензема е главниот „виновник“ што Реал Мадрид се најде во 1/4 финалето во Лигата на шампиони. На реванш дуелот со ПСЖ на „Сантијаго Бернабеу“ постигна хет-трик и го испрати својот тим во следната рунда во најсилното европско клупско натпреварување.

И додека целиот свет зборува за Килијан Мбапе и неговото доаѓање во Реал, Бензема одлучи да ја зголеми фантазијата на навивачите. На „Инстаграм“ профилот објави фотографија со Мбапе, како заедно во прегратка одат кон соблекувалните.

Шпанските медиуми тврдат дека Мбапе следната недела ќе потпише за „кралскиот“ тим.

ПретходноАлегри по дебаклот: Виљареал само се бранеше!
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе им суди на Струга ТЛ и Шкупи