Близу 9.000.000 ДЕНАРИ во Мислешево за првиот роденден на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

164

Не постои поубав начин да се одбележи една година постоење на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од уште еден, нов сопственик на неодоливата добивка на Видеолотарија Касинос Австрија. Овој пат близу девет милиони денари заминаа во село Мислешево.

Пред точно 12 месеци почна приказната на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ и ги смени животите на  22 сограѓани. Последен во низата е играч од село Мислешево, кој во саботата на 12 март, точно напладне се израдува на добивка вредна 8.991.478 денари.

Возбуден и пресреќен, раскажа што точно се случувало во објектот на Евротип во тие судбоносни мигови. Сè било бргу, за некои 10-15 минути, вели добитникот. Прво уплатил 300 денари и му се посреќило со нив да освои 7.000 денари. Решил да продолжи да игра и само 10 минути подоцна го слушнал звукот за добивка. Не го ни видел износот, па кога се испечатил ваучерот со седум цифри во денари, бил изненаден. Ни тој, ни другарите со кои играл не можеле да им веруваат на своите очи.

Иако уште во чудење и во слатка возбуда, сигурно дека овој СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ќе биде повидлив кога ќе ги искористи парите за да го разубави својот живот. Најави дека најверојатно ќе ги потроши за семејството, да покрие кредити и да вложи во куќата.

Тој е 22. добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во текот на оваа фантастична година и со неговата добивка, вкупната сума која заврши кај играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изнесува вртоглави 226.472.471,00 денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  #Vlt #Милионер џекпот

ПретходноФетел поради корона го пропушта стартот на сезоната во Формула 1!
СледноРеал Мадрид го престави дресот за Ел Класико! (ВИДЕО)