Вест Хем по продолженија го запре рекордерот во Лигата на Европа (ВИДЕО)

260

Украинецот Јармоленко со гол во 112. минута го однесе Вест Хем во четврфиналето на Лигата на Европа. Во драматичен меч во Лондон, Вест Хем славеше со 1:0 по 90 минути игра, што не беше доволно за пласман во следната фаза, поради идентичната победа на Севиља на првиот меч на домашен терен.

Во продолженијата, Јармоленко ја искористи шансата во 112. минута, ја затресе гостинската мрежа и им отвори пат на „чеканите“ до четвртфиналната рунда.

Претходно таму се најде и Лион, кој одигра 1:1 на домашен терен против Порто, но поради победата од 1:0 на првиот меч на гости Французите одат понатаму.

Продолженијата вечерва одлучија и за последниот патник во четврфиналната рунда. Ајнтрахт (Ф) дозволи вечерва да загуби во регуларните 90 минути на домашен терен од Бетис со 1:0 и да ја прокоцка победата од 2:1 на гостувањето во Шпанија. Сепак, упорните Германци во дополнителните 30 минути успеаја да погодат за 1:1 преку Хинтерегер во 120. минута и со тоа да си обезбедат четвртфинале.

ПретходноКрихмаер победи на последниот супервелеслалом сезонава
СледноПознати сите четвртфиналисти во ЛЕ и ЛК, утре е ждрепката…