Вориорс без Стеф Кари до плеј-офот

98

Голден Стејт нема да може да смета на својот најдобар играч Стеф Кари извесно време, а причината е повреда која ќе го оддалечи од теренот. Ова е нова мака за Вориорс кои претходно извесно време го немаа Клеј Томсон, а кога тој се врати и ја крена формата, сега се повреди Кари.
Според неофицијални информации, Кари би требало да го пропушти остатокот од лигашкиот дел на сезоната, што значи дека нема да игра најмалку 12 натпревари. Се работи за повреда на лигаменти на стапалото, но за среќа нема скршеница. Тој би требало да се врати дури во плеј-офите.
Голден Стејт се наоѓа на третото место на Западот со скор 47-23 што е шест повеќе од Минесота единствената што може да ги престигне.

ПретходноКако некогаш – грми во „Борис Трајковски“ (ВИДЕО)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Македонија води со плус три против Романија