По дебаклот, по катастрофалната сезона, јасно е дека некој на крајот мора да го плати цехот во Шкендија. А тоа ќе биде, барем така велат нашите информации, стратегот Бруно Акраповиќ. Тој беше вратен минатото лето не само да ја задржи титулата во Тетово, која ја освои Ернест Ѓока, туку да ја продолжи доминацијата во мак – фудбалот и нешто да направи во Европа, а титулата во Купот се препоставуваше.
Но, Бруно не само што рано беше елиминиран во Купот туку ја загуби битката од Гоце Седлоски во првенството уште во ноември – декември.
Па така тој мора да си оди.
А на негово место ќе биде Артим Шаќири, актуелниот спортски директор на клубот, кој иако веќе еден месец и повеќе работи во клубот досега не е промовиран од страна на тетовци како нивни член.
Неофицијално дознаваме, а тоа и била желбата на еден од нашите најдобри фудбалери во историјата на самостојна Македонија, Шаќири да биде нешто како како тим – менаџер.
Оваа смена би се случила во мај, веднаш по завршувањето на сезоната, која е најслаба во последните неколку години откако „Еколог“ го презеде клубот.
Инаку Артим Шаќири беше тренер на Шкендија во сезоната 2012/2013, но тогаш стигна само до финалето во Купот кога беше поразен од Тетекс.
Факт е дека никој не е задоволен од работата на Акраповиќ, најмалку фановите кои веќе на социјалните мрежи одамна бараат тој да добие отказ.
Па така време е по вторпат Бруно да добие „шут-карта“ од Шкендија.