Лестер се пласираше во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА, иако загуби од Рен со 2-1 на вечерашното гостување. Сепак, победата од 2-0 на „лисиците“ на „Кинг Пауер стадионот“ во првиот меч се покажа како голем адут за англискиот тим кој со вкупен резултат 3:2 продолжува понатаму.
Домаќините почнаа инспирирани во потрага по ран гол и го постигнаа уште во осмата минута преку Бенџамин Буриго, а до крајот на полувремето резултатот остана непроменет. Лестер одлично го започна второто полувреме и во 51. минута Фофана го прослави своето враќање со гол за израмнување на 1:1.
24 минути подоцна, домашните успеаја да погодат за ново водство (2:1) со голот на Таит, но до крајот не успеаја да дојдат до трет гол за продолженија.
По продолженијата од 2 х 15 минути, норвешки Бодо стана четвртфиналист во Конференциската лига. Во регуларниот дел на мечот во Холандија, АЗ Алкмар славеше со 2:1 и возврати за идентичната победа на Норвежаните на првиот меч. Во продолженијата, Бодо преку Стампсед во 105 минута погоди за 2:2 и за пласман на норвешкиот тим во следната рунда на натпреварувањето.
Во четврфиналето се најдоа и ПСВ Ајндховен по победата од 4:0 на гости кај Копенхаген и со вкупни 8:4 обезбедија место во следната рунда, како и Олимпик (М) кој и вторпат беше подобар од Базел со 2:1.
🚨 RESULTS 🚨
✅ Leicester, PSV & Marseille through to quarter-finals
* = extra time#UECL
— UEFA Europa Conference League (@europacnfleague) March 17, 2022