Фудбалерите на Партизан се поразени од Феенорд со 3:1 (1:0), во реваншот од осминафиналето на Лигата на конференциите. Белградските „црно-бели“ беа поразени со 5:2 во првиот меч во Белград и во Ротердам им требаше чудо да се пласираат понатаму.
Чудо не се случи, па Холанѓаните со втора победа си го потврдија местото во четврфиналето од Конференциската лига.
Пламан во следната фаза потврдија и Рома, ПАОК и Славија Прага. Интересно, Рома губеше со 1:0 од Витесе се до 91. минута, кога Абрахам погоди за израмнување и за пласман понатаму. Славија Прага по убедливите 4:1 на домашен терен си дозволи „кикс“ во Австрија и пораз од ЛАСК со 4:3, но тоа не влијаеше на нивниот пласман во следната рунда.
Грчки ПАОК и вторпат беше подобар од Гент, овој пат совладувајќи го на гости со 2:1.
PAOK, Roma, Slavia Praha & Feyenoord secure their places in the quarter-finals ✅👏#UECL
— UEFA Europa Conference League (@europacnfleague) March 17, 2022