Македонската ракометна репрезентација со осум гола предност ќе патува на реванш мечот во Букурешт. Избраниците на Кирил Лазаров на првиот бараж дуел против Романија славеа со 30-22, благодарение на неверојатно добрите последни 15. минути.
„Благодарност до публиката, беше прекрасно да се игра пред полна сала после пандемијата. Имавме одличен противник, можеби резултат не е реален, но спортот е таков треба да се игра 60. минути. Во овој меч ние бевме подобри во последните 15 минути. Многу пати сме се нашле во нивна ситуација, сме играле добро во првите 45. минути, а потоа сме ги изгубиле мечевите. Денеска за разлика од ЕП имавме поширока ротација, со мене и Маркоски, со неколку играчи, кои немаат важна улога, но се добри за покривање на неколку минути. Мислам дека тоа беше клучот за победата. Резултатот не е реален, како што кажа Паски, мора да бидеме внимателни за пред реваншот, које за два дена“, изјави Лазаров.
Слично на него размислува и Филип Миркуловски.
„Беше прекрасно да се игра пред ваква атмосфера, без публиката овој резултат нема да беше возможен. Треба да бидеме внимателни, резултатот е добар, но таму треба да играме како да е 0-0. И претходно во Скопје ги победивме убедливо, но таму наидовме на силен отпор“.
Македонија утре наутро патува за Букурешт.