ЛЕ: Барса триумфално во Истанбул, пирова победа на Ц. Звезда (ВИДЕО)

264

Брага, Барселона, Ренџерс и Аталанта се првите четвртфиналисти во Лига Европа. По разочарувачките 0:0 на домашен терен против Галатасарај, Барселона успеа триумфално да се врати од Истанбул каде обезбеди победа од 2:1 (1:1).

Домаќинот поведе во 28. минута преку Маркао и ја изненади Барселона, но Педри одговори во 37. минута за израмнување. Победата и пласманот во следната рунда на Барселона и ги донесе Обамејанг со гол во 50. минута.

Фудбалерите на Црвена звезда се елиминирани од понатамошното натпреварување во Лига Европа откако вечерва на домашен терен успеаја да го победат Ренџерс со 2:1, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од 3:0 од првиот меч.

Во Леверкузен, каде се сретнаа Баер и Аталанта, само еден гол го реши победникот на мечот. Гостите славеа со гол во 91. минута, кој го постигна Бога и со кој Италијанците дојдоа до вкупни 3:2 за четвртфинале.

По триумфот во Португалија од 2:0, Брага си ја заврши работата играјќи 1:1 на гостувањето кај Монако. Стрелец на водечкиот гол беше Руиз во 20. минута, додека голот за Монако го постигна Дисаси во 90. минута.

Претходно во четвртфиналето се пласираше и Лајпциг, кој не го одигра својот дуел во осминафиналето во Лига Европа бидејќи Спартак Москва беше исфрлен од натпреварувањето.

Претходно„Цепелинот“ на Кире и Тале кој ја фрли арената во транс (ВИДЕО)
СледноФИЛИП “МАКЕДОНСКИ“: Демек Талески не знаел…., а тој ФАНТАСТИЧЕН!